Маркомед д.о.о, е основан во 2007 година и до денес се етаблира како еден од водечките дистрибутери во подрачјето на анестезија и интензивно лечење, со широко портфолио на производи за хемодинамски мониторинг на пациентите, припрема и примена на инфузиски терапии, примена на спинална и регионална анестезија, ендоскопија и бронхоскопија, торакална дренажа, неврохирургија, дефибрилација и реанимација.
Од самиот почеток на работа на друштвото, воспоставен е систем на квалитет според стандардот ISO 9001:15, додека во изминатиот период, друштвото се усогласи со барањата за квалитет според стандардот ISO 13485:16 за медицински средства.
Размислувајќи за понатамошниот тек на развојот на друштвото, но и уважувајќи ги потребите на нашите корисници, Маркомед д.о.о во 2022 година донесе стратешка одлука за производство на нов производ – кориснички ознаки за шприцови, кои содржат лекови и сето тоа во согласност со меѓународната норма ISO 26825:2020.
Во текот на 2022 год. Маркомед д.о.о пристапи кон истражување и развој на производ и барање на сигурен партнер за изработка на MarkTag®кориснички ознаки, за да на почетокот на 2023год.истиот производ го регистрира и заштити како свој патентиран производ, во Државниот Завод за интелектуална сопственост.Првата производна линија на MarkTag® налепниците, успешно е пуштена во промет во април 2023год.На ова претходеше успешна сертификација на производот кај TÜV NORD Adriatic d.o.o. сертификациската куќа. Притоа е важно да се истакне, дека, сертификацијата кај трето независно тело за сертификација не е законски услов, туку наша тенденција да на своите корисници и клиенти , им доставиме производ , кој во целост ги задоволува меѓународните стандарди за врвен квалитет..
Markomed d.o.o.
MBS: 080630293
MB: 2307057
OIB: 23340771306
Trg braće Radić 3
21000 Split
Croatia
PhoneNumber
FaxNumber
Контактирајте не на мејлот info@marktag.eu или користете го контакт образецот.
Поставете ни прашање, а ние ќе ви одговориме во најкраток рок.